По претставувањето Mac Pro во јуни годинава, Apple објави дека компјутерот ќе биде достапен наесен. Компанијата сега објави уште поприближен датум – декември 2019 година. Ако почнеме да ги анализираме овие две изјави, можеме да го стесниме датумот на периодот пред 21. декември (кога ќе започне зимата). Ова е очекувано, бидејќи Mac Pro компјутерите веќе почнаа да го добиваат инфлуенсерите, што значи дека е во завршна фаза на подготовката за продажба.
Ако веќе не сака да го објави точниот датум на лансирање на овој производ, Apple се потруди да претстави барем дел од перформансите на новиот компјутер. Најавено е дека ќе може да се справи со шест симултани 8K стримови, што е двојно повеќе од претходните тврдења во јуни (три 8K стрима). Со оглед на тоа што немаше големи хардверски промени од јуни, ова подобрување во перформансите се однесува на подобрата оптимизација, која ја објави тимот за развој на Final Cut Pro. Се разбира, останува да се провери ова тврдење во пракса кога овој компјутер ќе биде достапен за продажба.
Доколку сè уште сте љубители на лаптопите, Apple вчера објави дека нивниот нов 16-инчен high-end MacBook Pro ќе го замени стариот, 15-инчен модел и дека веќе е достапен за нарачка од веб-страницата на компанијата.
Поврзани артикли