Мобилните телефони се уреди кои луѓето ги доживуваат многу лично па дури и кога станува збор за службените телефони.
Денешните компании се соочуваат со предизвик кој претставува релативно нов проблем во деловниот свет – како да се ограничат непримерните мобилни активности и да се обезбеди активноста на службените уреди кои ги користат вработените да остане примерна?
Кога посетуваат порно страници преку мобилен телефон, луѓето воглавно не размислуваат за опасноста на која се изложуваат. Многумина се воглавно свесни за можноста на загрозување на угледот, но не и за безбедносните ризици кои би можеле да им наштетат и на нивните лични податоци, но и на податоците на компанијата за која работат ако 18+ содржината на сомнителни веб-страници ја гледаат преку службен телефон.
Компанијата Wandera пишува дека речиси четвртина од злонамерните софтвери на мобилните телефони доаѓа преку порно веб-страниците. Со други зборови, гледањето на порно филмови преку паметен телефон претставува многу поголем ризик од гледање на истата содржина на компјутер. Оперативните системи на паметните телефони, особено Андроид, не се толку сигурни како класичните компјутер бидејќи кај мобилните телефони постои голема ранливост која хакерите можат лесно да ја искористат.
Истражувањето на компанијата спроведено пред неколку години покажало дека дури 40 од 50 најпопуларни порно страници биле заразени со некој вид на малвер. Во истражувањето спроведено врз 100.000 службени мобилни уреди кои биле предмет на студијата во Велика Британија, било утврдено дека на 10.000 уреди, од 34 од нив секој ден редовно се пристапувало до непримерни содржини на интернет.
За време на истражувањето имало повеќе од 14.000 обиди дневно за пристапување до непримерна содржина.
Истражувачите заклучиле дека тука станува збор за помал број на поединци (вработени) кои често се обидуваат да пристапат до оваа содржина, а на работодавците им понудиле решение во облик на филтрирање на содржините, односно блокирање на пристап до сомнителни страници на службените телефони.
Извор: Index.hr
Поврзани артикли