Веќе некое време, Instagram спроведува тестови на криење на лајковите на постовите во седум земји ширум светот. Тоа се Канада, Ирска, Италија, Јапонија, Бразил, Австралија и Нов Зеланд. Сега се подготвува да го продолжи тестот на еден од најважните и најголемите пазари, бидејќи Извршниот директор на компанијата Адам Мосери најави дека овој тест од денес ќе почне и во САД.
Што во суштина ова значи за корисниците на Instagram? Тие нема да бидат во можност во јавните постови да видат колку лајкови добил секој пост. Сепак, овие лајкови ќе бидат скриени само за објавите на другите корисници. На своите постови, корисниците ќе можат да видат колку лајкови добиле.
Инаку, и компанијата Facebook, во чија сопственост е Instagra го тестира криењето на лајковите, а засега тој тест се спроведува во Австралија.
Поврзани артикли