Xiaomi најави пристигнување на Mi TV 4S линијата во Европа, а ќе бидат достапни моделите Mi TV 4S 55 и Mi TV 4S 43, како и поевтиниот модел Mi TV 4A 32.
Моделите од 55 и 43 инчи имаат 4K HDR екрани и MEMC технологија за флуидна слика. Телевизорите го користат чипсетот Mediatek 6886, кој има четири-јадрен процесор, и доаѓаат со 2 GB RAM меморија и 8 GB простор за складирање.
Mi TV 4S го користи Android 9 Pie и поддржува Bluetooth Low Energy за поврзување на безжична тастатура, глувче или слушалки. На задната страна, телевизорот има три HDMI и три USB порта (моделот од 43 инчи има само два USB приклучоци), додека за безжична конекција е задолжен 2,4 GHz и 5 GHz Wi-Fi.
Mi 4A 32″ е буџетско решение, со HD екран и резолуција од 1366 x 768 пиксели. Има четири-јадрен процесор со четири Cortex-A53 јадра и 1 GB RAM меморија. Телевизорот ги поддржува сите главни фајлови за видео и фотографии и има голем број портови. Во прашање е Android TV, така што сите потребни апликации можат да се пронајдат во продавницата за апликации.
Mi TV 4S 55″ има цена од 449 евра, Mi TV 4S 43″ чини 349 евра, додека Mi TV 4A 32″ ќе се продава по цена од 179 евра. Пред-нарачката започнува на 25 ноември, а ТВ-испораката почнува од 2 декември.