Motorola Moto G8 се појави во промотивно видео

Кон крајот на минатиот месец, Motorola објави две варијанти на Moto G8 – G8 Plus и G8 Play, а сега изгледа дека наскоро се очекува и нов модел, кој би требало да биде сместен меѓу споменатите двата уреда.

Благодарение на протеченото промотивно видео објавено од дојавувачот Еван Блас (@evleaks), имаме прилика да го видиме стандардниот Moto G8. Телефонот изгледа доста слично како моделот G8 Play, има систем со три камери на задната страна со главен сензор од 48MP. Останатите два сензора веројатно ќе бидат ултраширок и сензор за длабочина.

Од предната страна, претстојниот Moto G8 има дизајн со засек во форма на капка, како и другите два G8 модела. Можеме да видиме и дека телефонот ќе биде понуден во црвена, црна и сина боја.