Последниот пат кога Меркур им позирал на астрофотографите пред Сонцето бил во мај 2016 година.
На 11 ноември Меркур, најмалата планета во Сончевиот Систем, ќе премине пред Сончевиот диск во долг петчасовен премин. Тоа ќе се случи рано попладне и ќе продолжи до залезот, прецизираат астрономите.
Таканаречениот „пасаж“ на Меркур бил видлив од Земјата околу 13 пати во рамките на 100 години. Последен пат Меркур позира пред астрофотографите пред Сонцето во мај 2016, а следното шоу ќе биде дури во 2032 година.
За да го набљудувате небесниот настан, задолжително вооружете се со телескоп, двоглед и филтер за сончевата светлина.
Поврзани артикли