Конечно исполнета желбата на многу Porsche фанови
Новите 911 Carrera S и 911 Carrera 4S наскоро ќе бидат достапни и во комбинација со 7-брзински мануелен менувач.
Во стандардната опрема на Coupe и Cabrio Carrera S и 4S со мануелни менувачи ќе биде вклучен и пакетот Sport Chrono, а електронското ограничено заклучување на диференцијалот, кое доаѓа со PDK менувачите, во овој случај ќе биде заменето со традиционалната механичка варијанта.
Porsche сè уште нема објавено официјални податоци, но тие најавуваат дека 450-те КС кои се испорачуваат од 3.0-литарскиот 6-цилиндерски боксер мотор во комбинација со мануелниот менувач ќе овозможат забрзување до стотка за под 4 секунди со максимална брзина од 306 km/h.
Почетната цена на 911 Carrera S со рачен менувач е 113.300 долари, а на 911 Carrera 4S Cabriolet – 133.400 долари. Мануелниот менувач нема да биде достапен како опција за основната Carrera со 385 КС.
Поврзани артикли