Подмолна апликација без знаење на корисникот нарачува „премиум содржини“ и на тој начин повлекува пари од сметката.
Апликацијата, која е преземена неколку милиони пати, практично е одговорна за крадење пари од сметките на корисниците, затоа што без нивно знаење, порачувала содржини, кои се плаќаат.
Објавена уште во јуни од Google Play Store, апликацијата a.i type некако повторно се појави во Android продавницата, и ако случајно ја имате, веднаш избришете ја!
Оваа апликација е всушност алатка за прилагодување на тастатурата, која додава опции и го менува изгледот на тастатури кај телефоните како Samsung, Motorola, Huawei и други уреди, наведува Metro.co.uk и додава дека a.i type се претплатува на „премиум услуги“ без знаење на корисникот и повлекува пари од сметката на корисникот без негово знаење и одобрување.
Покрај тоа што повлекува пари од сметката на корисникот, која може да биде „значителна сума“, оваа апликација интензивно ја троши батеријата, бидејќи во позадина работи нон-стоп, вршејќи комуникација со сервери. Во врска со тоа следува и зголеменото и неконтролирано трошење на интернет тарифата, што исто така може да биде значајно, пишува британскиот весник, бидејќи корисникот нема контрола врз тоа што го испраќа апликацијата и какви фајлови прима без контрола.