Неколку десетици шишиња врвно француско вино во саботата беше испратено на Меѓународната вселенска станица, но тоа нема да биде наменето за астронаутите, туку во научни цели – ќе се проучува како виното созрева во Вселената.
Црвеното Бордо ќе остане една година на ИСС, доволно да се согледа како бестежинската состојба и вселенската радијација влијаат на созревањето на виното.
Целта, меѓу другото, е да се развијат и нови вкусови и својства во оваа гранка на прехранбената индустрија. Во ова истражување учествуваат универзитетите на Бордо и Баварија.
По враќањето на Земјата, виното ќе се спореди со тоа што било отстоено во земни услови. Тоа е првата од шесте вселенски мисии планирани наредниве три години.
Поврзани артикли