Во најголемата социјална мрежа на светот смислиле алатка со чија помош може да се договараат здравствени испитувања и прегледи. Оттаму тврдат дека нема да ги споделуваат чувствителните податоци со други.
По неколку месеци откако на американскиот пазар ја претстави функцијата поврзана со донирање крв, од Facebook стаса нова алатка фокусирана на здравјето, а наречена „Preventive Health“.
Алатката е смислена да ве поттикне на проактивен пристап кон здравствената состојба. Може да се користи на мобилен за да се открие какви испитувања треба да направите во здравствените институции со кои тие соработуваат, а земајќи ги предвид полот, возраста (на пример, да го проверите нивото на шеќер и холестерол,…) и други нешта.
Алатката засега е фокусирана на срцевите заболувања и ракот, двата најголеми предизвикувачи на смрт во САД, како и на грипот, од кој секоја година заболуваат милиони Американци. Ќе може да се постави потсетник за времето кога треба да направите испитување ако сте го закажале препорачаниот тест или да го означите откако ќе го направите испитувањето.
Испитувањата што ги препорачува функцијата ќе бидат бесплатни за оние што се осигурани, но и ќе се предлагаат поевтини алтернативи. Ако на телефонот ви се вклучени локациските сервиси, ќе може да се пронајдат државни здравствени агенции во близина, а ќе ве упатат и каде можете да се вакцинирате против грип.
Од Facebook тврдат дека нема да ги споделуваат активностите со трети страни и дека нема да ве тормозат со огласи за услугите што ги пребарувате.
Извор: Tportal.hr