Стотина милиони луѓе ќе останат без своите домови во наредните 30 години поради големи поплави предизвикани од глобалниот пораст на нивото на морињата и океаните. Ова го покажуваат истражувањата и резултатите од направената стрдија на светски научници објавена во списанието „Нејчр комјуникејшн“.
Очекуваниот пораст на нивото на водата во наредните три децении ќе порасне од 0,6 до 2,1 метар. До 2050 година, површината на која моментално живеат околу 300 милиони луѓе, ќе се спушти до стандардното ниво на плимата, додека до 2100 година, површина на која живеат 200 милиони жители, ќе падне под тоа ниво.
Овие области ќе бидат погодени од сериозни поплави секоја година. Нивото на морето од 1992 година, во просек се подигнувало за 7,6 сантиметри, а на некои места и до 23 сантиметри. Со ова темпо, до 2100 година, нивото на морето ќе се подигне за 65 сантиметри, а Земјата ќе се затопли за дополнителни 3 степени.
Нашата планета забрзано се загрева, што особено се забележува со топењето на мразот на Гренланд и Атарктикот. Ледената плоча на Гренланд, ако целосно се стопи, може да го подигне нивото на морето за 6 местри. Во периодот меѓу 2006 година и 2015 година, во просек се стопени 275 гигатони лед на годишно ниво.
Ледениот покривач Антарктикот, исто така непрекинато се топи и полека исчезнува. Губењето на неговата маса тројно е зголемена во периодот меѓу 2007 и 2016 година во однос на претходните десет години.
Околу 70% од назагрозените области се наоѓаат во Азија. Се работи за осум земји, Кина, Јапонија, Индија, Индонезија, Тајланд, Филипините, Виетнам и Бангладеш.
Кинеските градови се најранливи. Од главните градови, наризични се Ханој во Виетнам, Дака во Бангладеш и Калкута во Индија. Проблем не се само градовите во Азија, сметаат научниците. Слична ситуација се очекува да се случи и во Бразил и Велика Британија. Научниците сметаат дека човештвото сеуште има избор.
Уште има шанси за значајни одлуки со цел да се спречи глобалната зависност од фосилните горива.
„Ако нашите прогнози се остварат, крајбрежните заедници ширум светот ќе мораат да се подготват за многу тешки моменти во иднина“, се предупредува во студијата.
Поврзани артикли