Најдобри резултати ќе добиете ако ви се тресат рацете.
Релативно едноставна техника може да ја дуплира резолуцијата на фотографијата која сте ја направиле користејќи iPhone.
Всушност, секако дека најдобар резултат ќе добиете доколку вашите раце малку се тресат.
Иако ова звучи малку контрадикторно, видеото подолу ќе ви објасни зошто движењата на вашите раце можат да направат поостра фотографија.
Фотографот Усам Даов во видеото ја демонстрира техниката pixel-shift.
Овој трик работи на секоја камера и на секој телефон, а Даов сепак користи iPhone 11 Pro.
А, за да добиете двојно повеќе пиксели потребен ви е само Photoshop.
Како работи pixel-shift фотографијата
Pixel-shift или фотографија на супер резолуција не е за секое сценарио. Најдобрите резултати ги дава кога фотографирате нешто што е неподвижно, како на пример зграда, статуа или некој предел.
Потребно е да направите серија фотографии, најмалку 15 до 20 за сите да ги ставите на Photoshop и да добиете фотографија со поголема резолуција.
Секоја фотографија всушност станува еден слој, а спорото движење на камерата носи податоци кои „Photoshop“ ги користи кога ги комбинира фотографиите во една со значително повеќе детали.
Ова сценарио дава особено добри резултати во услови на лошо осветлување.
Погледнете го видеото и откријте како да добиете фотографија со дупло повеќе пиксели.
Извор: Telegraf.rs