Една електрана во САД, изградена пред повеќе од 100 години, е зачувана од уривање благодарение на рударењето и криптовалутите.
Електричната централа Old Rainbow, лоцирана во Монтана, постои веќе 110 години, а неодамна доби дозвола од регулаторните органи што и овозможува да стане крипто-фарма. Опремата за рударење засега би требало да се најде во само еден дел од зградата, а постојат и планови за нејзино проширување, но во склад со тоа колку е успешен проектот.
Машините ќе бидат во функција 24 часа на ден, 365 дена во годината, а експертите посочуваат дека случајот е малку ироничен, бидејќи старата централа е всушност хидроцентрала која порано била одговорна за производство на чиста енергија, за сега да се претвори во простор за машини, кои немилосрдно ја трошат енергијата.
Експертите посочуваат дека и за рударење во иднина би можела да се користи енергијата на реката во близина на електраната, што би значело голема заштеда, додека љубителите на спомениците, од друга страна, посочуваат дека новата намена ќе ја зачува зградата од промени, а со неа и дел од приказната за историјата на обновливите извори на енергија.