Фановите на Motorola вчера добија два нови телефони, како и глобална објава на моделот One Macro.

За оние на кои им се допадна Moto G8 Plus, но цената им беше премногу висока – Motorola сега има поприфатливо решение, кое е веќе достапно на некои пазари.

Станува збор за Moto G8 Play, кој се продава за околу 272 долари или околу 245 долари. За оваа цена се добива Mediatek Helio P70M чипсет, 6,2-инчен LCD панел со HD+ резолуција, 2 GB RAM меморија и 32 GB простор за складирање (може да се прошири преку microSD слот до 512 GB).

G8 Play има три камери на задниот дел, а тука се и главниот сензор од 13MP, сензор со широк агол од 8MP и сензор за длабочина. На предната страна е селфи камератс од 8MP, сместена во засек во облик на капка.

Батеријата е со каацитет од 4000mAh, а оперативниот систем е Android Pie. Присутни се и USB-C порт и 3,5 милиметарска приклучок за слушалки. Moto G8 Play е достапен во црна или црвена варијанта.