Компанијата Samsung понуди patch за мобилните Galaxy S10 и Note 10 modelite, со кој се решава проблемот со препознавање на отпечатоци од прсти.
Да потсетиме, The Sun откри дека секој може да ги отклучи телефоните и покрај поставената заштита, која се однесува на отисоци од прст. Причината се одредени видови на заштита на екранот.
Android Central наведува дека patch-от е достапен само за моделите S10 и Note 10 во Јужна Кореја, барем засега, но дека наскоро ќе пристигне и на уредите во други земји.
Samsung претходно ги предупреди корисниците дека заштитите на екранот може да доведат до споменатиот проблем, а тоа се однесува на оние кои не се „фабрички“ и на оние кои се оштетени или валкани. Како привремено решение, им беше советувано на корисниците да не користат заштита на екранот или да се потпираат на други начини на заштита, барем до излегувањето на patch што ќе го реши проблемот.