Одложуваниот флексибилен смартфон на Huawei конечно ќе се појави на пазарот во ноември.
Mate X е 5G паметен телефон со Kirin 980 процесор и Barong 5000 модем, има батерија од 4.500 mAh, која што може да се наполни до 85 проценти од капацитетот за еден и пол час преку брзо полнење од 55W.
Кога уредот ќе се расклопи, дијагоналата на екранот изнесува 8 инчи, а кога ќе се склопи, се добива паметен телефон со преден 6,6-инчен и заден екран од 6,38 инчи.
За разлика од Samsung Galaxy Fold што се отвора како книга, екранот на Mate X секогаш е изложен.
Смартфонот чини 2.400 долари, а продажбата во Кина почнува на 15 ноември. Има 6 GB RAM меморија и 512 GB внатрешно складирање.
Huawei размислува за лансирање на Mate X и на други пазари. Компанијата во меѓувреме соопшти дека продала 200 милиони паметни телефони оваа година, достигнувајќи ја оваа бројка 64 дена порано во однос на минатата година.