Најновиот паметен телефон на Google се уште нема пристигнато во продавниците, а веќе е откриен сериозен безбедносен пропуст.
Имено, откриено е дека неговиот напреден софтвер за препознавање на лице го отклучува телефонот дури и кога очите на корисникот се затворени, нешто што не смее да се случува. Од Google го признаа проблемот и најавија надградба на оперативниот систем.
Софтверот за препознавање на лице би требало да работи така што ќе го отклучи паметниот телефон откако ќе го препознае лицето на сопственикот – се разбира, со отворени очи, како на пример кај технологијата Face ID на Apple.
Сепак, кај Google има сериозен пропуст со тоа што системот го отклучува телефонот додека очите се затворени, нешто што не смее да се случува. На овој начин некој би можел да го отклучи телефонот додека корисникот спие или слично.
Од Google во неделата потврдија дека постои проблемот и нагласија дека тоа ќе биде „средено“ софтверски и нивната технологија ќе го отклучува телефонот само кога корисникот ќе има отворени очи.
Pixel 4 пристигнува во продажните салони на 24-ти октомври, а со оглед на тоа што од Google најавија дека проблемот ќе биде решен за неколку месеци, јасно е дека новиот телефон на американскиот гигант на купувачите ќе им се нуди со голем безбедносен пропуст.
Од Google ги советуваат корисниците да користат друг начин за отклучување на уредите како PIN, Pattern и слично, се додека не биде решен проблемот.
Извор: Zimo.hr