Twitter во март го претстави својот Dark mode наречен „Lights out“, подобен за OLED екрани, но тој беше ограничен и достапен само за корисниците на iOS. Повеќе од шест месеци подоцна, опцијата е достапна и за корисниците на Android, но засега во алфа-верзијата на апликацијата.
Lights Out режим е различен од моментниот темен мод и го претвора корисничкиот интерфејс на апликацијата во црна верзија наместо во темно сина. Ова дополнително помага да се намали потрошувачката на батеријата на уредите кои имаат OLED дисплеј.
За оние кои имаат пристап до алфа тестот за Twitter, опцијата за Lights Out е достапна во делот на Settings and Privacy > Display and sound > Dark mode appearance of menu.
Овој темен режим за OLED екрани е достапен за корисниците на алфа верзијата 8.19.0-alpha.03 на Twitter за Android.
Поврзани артикли