Според наводи на извор близок до темата, Apple планира да влезе na пазарот на проширена реалност (AR) во 2020 година, со сопствени AR очила. Изворот открива и дека компанијата ќе издаде нов MacBook со ARM процесор.

Засега не се познати форматот на производство и примената на AI-очилата, но се знае дека уредот ќе има холографски дисплеј. AR можности ќе добие и следниот модел на iPhone со помош на Способностите AR исто така ќе добијат iPhone телефони за следната година со помош на 3D ToF сензор на задниот дел. Со редизајнот во 2020. година, новите телефони ќе добијат и OLED панели од 5,4, 6,1 и 6,7 инчи.

Кога станува збор за MacBook лаптопите, се очекуваат нови членови на семејството, со мобилни ARM процесори. Ова ќе му овозможи на Apple подобра контрола над јадрата и дополнително ќе ja подобри работата на уредите и ефикасноста на батеријата.