Apple успеа да ја престигне компанијата Microsoft со „Мајкрософт“ и повторно да се врати на првото место на највредни компании во светот, а делумно ова е постигнато поради големите очекувања за новата генерација iPhone уреди.
Вредноста на пазарот на Apple достигна 1.065 билиони американски долари, додека Microsoft е на второто место со пазарна вредност од 1.063 билиони долари. Како што истакнува Business Insider, Microsoft забележал пад од 2,2%, додека Apple само мал пад од 0,4%.
Една од причините зошто Apple повторно e највредна компанија се големите очекувања на пазарот од iPhone 11 линијата, што според експертите продава подобро од очекуваното. Со акциите на Apple во петокот се тргуваше по 235,37 долари во , што претставува зголемување за 50% на годишно ниво.
Останува да се види дали Apple ќе може да ја обезбеди својата водечка позиција на пазарот долгорочно, посебно ако се знае дека Microsoft има агресивни инвестиции во cloud бизнисот.
Поврзани артикли