Иако даваат се од себе да се сокријат, пронајдете ги и избришете ги.
Ако случајно имате една од овие 15 апликации на вашиот телефон, крајно време е да ги избришете.
Според експертите за безбедност од компанијата Софос, во прашање се adware апликации кои даваат се од себе да се сокријат во вашиот Android уред и потоа да почнат да уфрлаат реклами во сè што правите.
А моментно се инсталирани на преку 1,3 милиони телефони.
Ова се сите проблематични апликации:
– free.calls.messages
– com.a.bluescanner
– com.bb.image.editor
– com.cc.image.editor
– com.d.bluemagentascanner
– com.doo.keeping
– com.e.orangeredscanner
– com.hz.audio
– cos.mos.comprehensive
– com.garbege.background.cutout
– com.hanroom.cutbackground
– com.jiajia.autocut.photo
– com.jiakebull.picture.background
– com.fruit.autocut.photo
Во случај да не се сеќавате добро на имињата, еве како изгледаат во рамките на продавницата за апликации на Google, поточно, како изгледале пред да бидат отстранети.
И покрај тоа што повеќе не се на PlayStore, апликациите сепак се наоѓаат на телефоните на луѓето што ги преземале.
Она што е полошо со нив се креативните техники што ги користеле за да се сместат во телефонот, подалеку од очите на сопственикот.
На пример, апликацијата можеби прво се појавува со останатите на вашиот уред, но кога ќе ја стартувате, добивате предупредување дека не е компатибилна. А потоа кога повторно ја барате, нејзината икона исчезнала.
Овие апликации дури користат и различни имиња кога ги пребарувате и кога работат.
Колку е покомплицирано нивното отстранување, толку поголем број сопственици на смартфоните ќе се откажат од потрагата по нив и на крајот ќе ги избришат.