Кристина Кох и Џесика Мер станаа дел од историската прва прошетка во вселената изведена само од женски атронаути. Во 11:38 часот тие ја напуштија Меѓународната вселенска станица со цел да заменат расипан уред на спротивниот крај од станицата.
Нивната мисија се очекува да трае околу пет и пол часа. Ова е петтата ваква прошетка за Кох, но прва за Мер, која стана петнаесеттата жена која „проештала“ низ вселената.
Мисијата за првпат беше најавена во март кога НАСА изјави дека Кох заедно со Ана МекКлеин ќе ја изведат првата „вон-ракетна активност“ составена исклучиво од женски астронаути. Меѓутоа, тогашната мисија беше одложена поради недостаток од соодветно одело за МекКлеин.
Таа се одложи за 18 октомври и МекКлеин беше заменета со Мер. Целта на нивната мисија која се очекува да трае повеќе од пет часа е да ја заменат расипаната единица за контрола на моќ со нова.
НАСА ја планираше првата вселенска прошетка на тим составена од жени на крајот од март, но мораше да ја откаже поради недостаток на скафандери со соодветна големина.
Новите скафандери овозможуваат поголема подвижност на астронаутите, а технологијата што ја содржат значи подолго патување во Вселената.