Samsung објави дека Galaxy Fold се продава добро, и покрај историјатот што го следеше овој прв флексибилен телефон. Веста е изненадувачка, бидејќи се работи за производ што чини 2.000 долари, како и дека е достапен на лимитирани пазари. Верувале или не во овое приказни, Samsung дефинитивно верува во визијата на преклопни уреди, бидејќи за следната година е најавена нова верзија од овој уред.
На првиот Galaxy Fold чекавме многу подолго отколку што првично се очекуваше. Samsung верува ги прележале сите „детски болести“ и дека времето до објавувањето на новиот телефон, Galaxy Fold 2, ќе биде значително пократко (во април, односно една година од кога иницијално беше најавена првата верзија).
Покрај тајмингот, Samsung ќе промени и некои други работи на новиот модел. Според неофицијални извори, компанијата размислува да го користи Ultra Thin Glass (UTG) заштитниот слој, кој ќе го замени транспарентниот polyimide (PI) филм. Теоретски, ова треба да обезбеди подобра заштита од гребење, бидејќи сегашниот пластичен заштитен слој не е во состојба тоа да го овозможи.
Промените нема да завршат на тоа. Постојат индиции дека преклопот на телефонот ќе биде ориентиран поинаку. Наместо да се отвора како сега (како книга), новиот Fold 2 би можел да се затворa како „штипка“. Ова би значело дека Samsung кај новиот модел ќе се фокусира повеќе на преносливост, отколку на големината на екранот. Ова, сепак, не може да се смета за дефинитивна одлука, бидејќи има информации дека се размислува и за поголема варијанта на Galaxy Fold 2 со екран од 8,1 инчи.