Група истражувачи од MIT развија технологија за враќање на изгубените детали на видеата, која обезбедува да се креираат поостри копии од деталите на видео записот, од места кои се заматени поради движењето на субјектот. Нивниот алгоритам, наречен Visual Deprojection Model е се заснован на неуралните мрежи. Тие ја истренираа таа мрежа, давајќи и задача да пронаоѓа делови на слики со слаб квалитет, како и квалитетни снимки од истата сцена, врз основа на кои можат да го сфата начинот како настанале матните фотографии.
Кога овој модел се користи за процесирање на фотографии, кои претходно не биле обработени, ги анализира за да сфати на кој начин може да дојде до замаглување. Последователно, алгоритмот ги синтетизира новите фотографии, кои комбинираат податоци од поострите и позаматени делови од видеото.
Во текот на тестовите, научниците успеале да рекреираат 24 фрејма на видео записот, кои правилно ги прикажале заматените движења на нозете на минувачите на снимката. Оваа технологија првенствено ќе се користи во медицината, бидејќи научниците сметаат дека со идниот развој ќе успеат да обезбедат конверзија на 2Д фотографиите (Х-зраци) во 3Д-слики со повеќе информации (како што се СТ-скеновите). Ова ќе обезбеди намалување на цената на услугата, затоа што рентгенот е далеку поскап од CT-снимките, со иста количина корисни информации за докторите.