А1 Македонија го збогатува своето припејд портфолио во мобилната телефонија и објавува нова, атрактивна понуда со која од денеска, припејд корисници кои ќе активираат нова, специјална А1 СИМ картичка добиваат 10 GB интернет и неограничени разговори и СМС пораки кон сите национални мрежи.
Со оваа најнова понуда, А1 излегува во пресрет на сите оние корисници кои немаат потреба и можност за договорна обврска, а имаат потреба од неограничени телекомуникациски услуги и претставува одлична понуда и за туристи и корисници со релативно краток престој во земјата. Имено, со едноставно купување на специјалната СИМ картичка за само 799 денари автоматски со активацијата се добиваат 10 GB интернет, неограничени разговори и СМС кон сите национални мрежи. Дополнително бесплатно се добива и пакетот А1 Пријатели за бесплатни неограничени разговори со сите А1 припејд корисници.
По истек на 30 дена од денот на активација на A1 Припејд SIM картичката со 10GB или доколку корисникот има потреба порано, истите пакети може повторно да се активираат со дополнителен надомест.
За корисниците кои што ќе ја активираат оваа A1 Припејд SIM картичка со 10GB важат тарифите и пакетите за А1 Pulse тарифниот модел.
Дополнителни информации за најновата припејд понуда можете да добиете на www.A1.mk, во продажните центри на А1 Македонија низ целата земја како и во Конталт Центарот со повик на 1234.