Huawei денес ги претстави бизнис резултатите за третиот квартал од 2019 година. Компанијата генерира приход од 610 милијарди кинески јуани и има годишен раст од 24,4%. Во овој период, нето добивката на компанијата е 8,7%.
Huawei го одржува својот фокус на инфраструктурата за информации и комуникација, како и на паметните уреди, и продолжува да ја зголемува ефикасноста и квалитетот на своето работење. Ова придонесува за зголемена оперативна и организациска стабилност, како и за консолидација на перформансите на компанијата во првите три квартали од 2019 година.
До денес, Huawei има потпишано повеќе од 60 трговски договори за 5G со водечки глобални оператори и испорача повеќе од 400.000 5G единици за активна антена (AAU) на глобалните пазари. Производството и снабдувањето на мрежи со оптички влакна, комуникација со податоци и IT производи на Huawei стабилно се зголемуваат.
Компанијата ја лансира и својата дигитална платформа – Huawei Horizon. Оваа конвергирана, отворена и ефикасна платформа е изградена на богатото технолошко искуство на Huawei. Со тоа, Huawei има за цел да работи со клиенти и партнери за да ја изгради основата на дигиталниот свет, создавајќи индустрија вредна милијарди долари за дигитална трансформација. Оваа платформа исто така ќе помогне на различни сектори, како што се владите, комуналните услуги, финансиите, транспортот и електричната енергија и ќе им овозможи да ја забрзаат нивната дигитална трансформација.
До крајот на третиот квартал од 2019 година, повеќе од 700 градови, 228 компании кои се дел од глобалните компании на Fortune 500 и 58 компании од Fortune Global 100, го избраа Huawei за свој стратешки партнер во дигиталната трансформација.
Huawei брзо ги развива своите cloud услуги. Во третото тримесечје од 2019 година, Huawei објави стратегија за технологијата и ја започна најбрзата светска платформа со вештачка интелигенција, Atlas 900. Други иновативни производи што компанијата ги објави се: услугите на кластерот Huawei Cloud Ascend AI, 112 нови услуги со процесор на Kunpeng и Ascend и Industrial Intelligent Twins. Овие производи постигнаа голем успех насекаде, како и кон давателите на услуги на Интернет (интернет провајдерите), автомобилската индустрија, финансиите и другите индустрии. Три милиони корпоративни корисници и развивачи користат Huawei Cloud за развој на производи и решенија.
Во одделот „Потрошувачки уреди“, бизнисот со паметни телефони на Huawei доживува значителен и постојан раст. Во првите три квартали, пратките на смартфоните на Huawei надминаа 185 милиони единици, при што се забележува зголемување од 26% за една година. Компанијата, исто така, бележи брз раст и на други нови деловни производи, како што се компјутери, таблети, додатоци и паметни аудио производи.
Во овој квартал се воведе и паметниот екран Vision со уникатни иновации во софтверот и хардверот, кои добија високи пофалби и од корисниците и од индустријата. Тој е дел од развојот на поотпорен екосистем кој се фокусира на корисниците и обезбедува попаметно корисничко искуство преку уреди во сите можни сценарија.
Глобалната платформа Huawei Mobile Services (HMS), исто така, се развива со брзо темпо, опфаќа повеќе од 170 земји и региони. HMS веќе достигна над 1,07 милиони регистрирани развивачи ширум светот.