Huawei Mate X ќе се појави на пазарот кон крајот на октомври

Huawei го претстави својот флексибилен уред Mate X за време на Мобилниот конгрес MWC 2019, а уредот беше одложен неколку пати оттогаш. Ричард Ју, извршниот директор на Huawei вети дека телефонот ќе пристигне во октомври, а неодамнешните извештаи од Кина сугерираат дека Mate X е во фаза на масовно производство и се очекува до крајот на месецот.

Во извештајот на компанијата Sina Technology се сугерира дека производството на флексибилниот екран е многу тешко, што не изненадува затоа што станува збор за револуционерен производ.

За време на периодот кога Mate X беше одложен, Huawei направи неколку подобрувања во дизајнот на телефонот. Ова вклучува прилагодување на издржливоста и еластичноста на флексибилниот екран, како оптимизирање на корисничкиот интерфејс за полесна употреба на уредот.

Кога беше најавен уредот, спомената беше цена од 2250 долари, а за време на објавувањето на пазарот ќе видиме дали тоа ќе биде задржано. Можна е и надградба од чипсетот Kirin 980 до 990, но ова не е потврдено.