Google на годинашната презентација Made by Google објави нов асортиман на уреди, а главната улога ја имаше најновиот Android смартфон, Pixel 4
Веќе неколку години, Google во ова време ја претставува својата хардверска понуда како дел од настанот Made by Google. Како и секогаш досега, главните функции се поврзани со софтверот што управува со овие уреди, делумно затоа што компанијата добро знае дека во оваа област може да доминира на пазарот.
Новата генерација Pixel смартфони се состои од моделите Pixel 4 и Pixel 4XL. Помалиот модел поседува 5.7-инчен OLED екран, Snapdragon 855 процесор и 6GB RAM меморија. Она што е посебно важно е повисокото освежување од 90 hz на дисплејот кај двата модела. Поради заштеда на батеријата, кога не е потребно, освежувањето се намалува на 60Hz.
На задниот дел на уредот е поставена телефото камера од 16 MP, како и главен сензор од 12 MP. Она што е треба да се истакне е постоењето на оптичка и дигитална стабилизација. На предната страна се наоѓа селфи камера од 8MP.
Бидејќи Pixel 4 е неочекувано мал, во рамките на куќиштето е сместена и нешто помала батерија од претходно. Нејзиниот капацитет е 2.800mAh. Кога станува збор за цената, таа ќе изнесува 749 евра, што е речиси 100 евра поевтино од минатогодишниот модел.
Она што на многумина нема да им се допадне е што основните верзии на телефоните ќе доаѓаат само со 64GB интерна меморија, додека втората опција ќе биде 128GB.
Од друга страна, како што кажува и самото име, PIxel 4 XL ќе има поголема дијагонала на дисплејот, која изнесува 6,3 инчи. Под него е сместен процесорпт Snapdragon 855, 6 GB RAM меморија и батерија од 3.700mAh. Цената на овој модел почнува од 899 евра за верзијата со 64 GB внатрешна меморија, што е повторно поевтино од минатогодишниот Pixel 3 XL, кој чинеше 949 евра.
Покрај вообичаените спецификации, Google вгради и нешто ново во својот нов Pixel смартфон – радарски сензор. Станува збор за технологија, која прв пат се појавува на мобилен телефон, а Google го искористи неговото присуство за максимално да ги подобри командите со гестови.
Со други зборови, препознавањето на гестовите со дланки сега е подигнато на едно целосно ново ниво, па така со придвижување на рацете кон телефонот, можеме да го намалиме звукот на ѕвонењето или музиката која ја слушаме.
Благодарение на радарот, телефонот сега може да го започне процесот на препознавање на отпечатоци од лицето на неговиот сопственик, веднаш штом ќе го земе во раце и така многу побрзо ќе го отклучи телефонот. Големи промени се направени и кај говорните команди, кои сега се многу попрецизни.
Но, Google повторно одреди прилично агресивни цени, кои секако нема да им помогнат на корисниците да донесат одлука за купување на новите Pixel 4 модели, посебно во споредба со конкуренцијата. Двата смартфона ќе почнат да се продаваат од 22. октомври.
Поврзани артикли