Instagram престана да работи, а одредени корисници во САД, северниот дел на Европа и Австралија не можат да ги гледаат фотографиите или профилите.

Корисниците по логирањето можеа да видат само празни профили и порака дека апликацијата „не може да го ажурира времепловот“. Веб-верзијата на апликацијата исто така има проблеми. На почетната страница се појавува „5xx Server Error”.

Проблемот се случува во период кога двајцата основачи на компанијата си заминаа по шпекулациите за несогласувања во Facebook за тоа како треба да работи компанијата.

Откако хакирањето на Facebook беше објавено за викендот, се утврди дека и корисниците на Instagram се дел од проблемот, доколку го користат Facebook за да влезат во профилот на Instagram.