Уште оваа година Microsoft би можел да претстави некој вид на хибрид помеѓу паметните телефони и преносните компјутери.

На Интернет се појавија информации за хардверските планови на Microsoft, кои ги покажуваат гoлемите планови и амбиции на Извршниот директор на компанијата, Сатја Надела. Екипата од Microsoft за оваa и следната година подготвува надградба на постојните уреди Surface, но и целосно нов уред кој би можел да донесе големи промени на пазарот за паметни уреди.

Станува збор за уредот со кодно име Andromeda, за кој се пишува веќе некое време. Иако деталите не се добро познати, се работи за преклопен уред со два екрана. Microsoft планира џебен уред кој ќе го овозможи искуството на персонален компјутер. Значи, можеме да очекуваме уред со два екрана и димензии слични на денешните паметни телефони, кој ќе може да се користи како телефон, но и како лаптоп со виртуелна тастатура.

Опциите кои може да ги има таквиот уред се безбројни и не зависат само од Microsoft, туку и од програмерите, кои ќе можат да ги искористат двата екрана за интересни апликации. Ако се покаже успешна и популарна помеѓу корисниците, Andromeda би можела да стартува целосно нова категорија уреди. Она што е најбитно за овој уред е дека Microsoft планира да го претстави до крајот на годината.

Освен Andromedа, Надела планира и уште два нови Surface модела – еден е Surface Pro 6 од кого очекуваме посилен хардвер (веројатно ќе биде претставен дури следната година) и поевтин Surface таблет. Помалиот Surface кој се развива под кодното име Libra на пазарот би требало да му конкурира на Apple и неговите таблет уреди од iPad серијата.

Извор: Zimo.hr