Apple го претстави iPhone SE во 2016 година, кој понуди посвежи спецификации во куќиште на тогашниот две години стар iPhone 5s. Оттогаш имаше многу гласини за наследникот на овој телефон, а се чини дека тоа конечно би можело да се случи во текот на првиот квартал од 2020 година.
Таканаречениот iPhone SE 2 се очекува да го има дизајнот на iPhone 8, а според аналитичарот Минг-Чи Куо, смартфонот ќе има почетна цена од 399 долари.
Реномираниот аналитичар сугерира дека втората генерација на iPhone SE ќе го имплементира чипсот A13 Bionic, комбиниран со 3 GB LPDDR4X RAM меморија и 64 GB или 128 GB простор за складирање. Телефонот треба да биде достапен во вселенско сива, сребрена и црвена боја.
Kuo очекува iPhone SE 2 да биде многу популарен поради почетната ниска цена и верува дека Apple со овој модел ќе привлече голем број нови корисници од средниот сегмент на пазарот.
Поврзани артикли