Компанијата System 76 e познатa по своите Linux преносни компјутери, а сега претстави два модела на лаптопи засновани на Comet Lake генерацијата процесори на Intel и што е уште поважно во комерцијалниот свет, на ретко видениот Coreboot (алтернативен BIOS со отворен код).
Претставени се 14-инчниот Galago Pro и 15,6-инчниот модел Darter Pro, кои во стандардна конфигурација имаат Core i5-1021U процесор на Intel, 8 GB RAM, 1080p мат дисплеј и M.2 SSD од 240 GB. Исто така, постојат и стандардни карактеристики како што се dual band Wi-Fi, Bluetooth 5.0, Thunderbolt 3 и USB 3.0 приклучоци, mini DisplayPort и HDMI, како и читач на SD картички.
Корисниците можат да побараат и подобри карактеристики за овие лаптопи, кои вклучуваат процесор Intel Core i7-1051U, до 32 GB RAM и до 6TB простор за складирање (комбинација од SSD и класичен хард диск).
Моделот Galago Pro донесува батерија со капацитет од 35,3 Wh и Darter Pro батерија со капацитет од 54,5 Wh. Оперативниот систем во овој случај е изменета верзија на Ubuntu дистрибуцијата наречена Pop! _OS, развиена од самата компанија System 76.
Galago Pro и Darter Pro стигнуваат во продажба со препорачани почетни цени од 949, односно 999 амаерикански долари, додека подобрените конфигурации достигнуваат цена од речиси 3000 американски долари.
Поврзани артикли