Американските компании Mastercard и Visa се повлекоа од проектот на Facebook за издавање дигитални ризици на дигиталните валути.
Mastercard и Visa во петокот најавија повлекување од „Либра асосиејшн“ придружувајќи му се на „Пејпал холдингот“, кој се откажа од „либра“ пред повеќе од една недела.
По нивните стапки тргнаа и „Ибеј инк“, „Страјп инк“ и латиноамериканската компанија за вршење исплати „Меркадо Паго“. Тоа значи дека проектот на Facebook повеќе не е поддржан од ниту една голема финансиска компанија и дека шансите да израсне во глобален финансиски играч се сведени на минимум.
Facebook ја најави „либра“ во јуни здужувајќи ги силите со 28 партнери, вклучително и Mastercard, Visa, Spotify technology, PayPal, eBay, Uber Technologies и Vodafone Group, во „Либра асосиејшн“, која требаше да управува со новата дигитална валута.