Познатата веб-страницата Torrent Freak ја состави листата на најдобри и најпопуларни торент сајтови на Интернет. Изминатиот период беше доста тежок за торентите – затворени беа голем број популарни торент страници, работата не некои од нив беше долго во прекин, а третите беа параван за вирусите.

На оваа листа на најдоброи торент сајтови се наоѓаат најмногу новајлии, што е последица на се што споменавме. Листата, освен што рангира локации го покажува и трендот меѓу торент сајтовите и го наведува редениот број на сајтот во однос на претходната година, па на тој начин можеме да дознаеме дали бројот на содржини на некоја страница се зголемува или намалува, односно да стекнеме целосен впечаток за самиот квалитет на сајтот за торенти.

Alexa рангирањето можеби не е совршено и јасно ни е дека многумина не гледаат на него блаконаклоно, но овие податоци, во комбинација со минатиот ранг ни дава многу појасна слика за тоа колку некој торент сајт е релевантен и дали напредувал или назадувал во период од една година.

Најдобри торент сајтови за 2017 година:

1. The Pirate Bay (КРАЛ на торентите, сепак и после се!!!)

Alexa: #112 / Минатата година: #2

2. ExtraTorrent

Alexa: #244 / #3

3. RARBG

Alexa: #282 / #5

4. YTS.ag

Alexa: #335 / #9

5. Torrentz2

Alexa: #415 / Без рангирање

6. 1337x

Alexa: #819 / #6

7. TorrentProject

Alexa: #872 / Без рангирање

8. EZTV.ag

Alexa: #1.472 / #7

9. TorrentDownloads

Alexa: #1.946 / #10

10. LimeTorrents

Alexa: #2.433 / Без рангирање

Што велите на листата, дали е тоа што го очекувавме?