Површината на Марс е ладна пустина, но пред милијарди години таму постоела оаза, вели новото истражување направено според откритијата на роверот Curiosity на НАСА. Останува една мистерија: имало ли живот?
Користејќи ги податоците од гореименуваниот ровер, научниците заклучија дека кратерот Гејл, кој е широк околу 154,5 километри и длабок 5,5, пред 3 и пол милијарди години бил полн со солена вода. Откритието овозможува поглед длабоко во историјата на Црвената планета, во време кога можеби Марс можел да има жив свет.
Создаден од удар на огромен астероид, кратерот Гејл е вистинска временска капсула на еден Марс што се менувал. Тоа е идеално место за истражување на предисториското минато на планетата.
Најдобро може да се замисли како изгледала оазата на Марс ако се погледнат некои места на Земјата со сличен геосостав. Тоа се солените езера на височините во Јужна Америка, поточно во Перу, Боливија, Чиле и Аргентина, кои по изглед би требало да бидат слични на тоа древно езеро на Марс.
Поврзани артикли