Intel престанува со производство на Kaby Lake десктоп процесори

Покрај моделот Kaby Lake-G, Intel објави дека престанува и со производство на својот десктоп процесор Kaby Lake. Компанијата објави PCN (product change notification) документ, во кој најавува дека официјално го прекинува производството на седмата генерација Kaby Lake (KBL) Core, Celeron и Pentium десктоп процесори.

Процесорите на Kaby Lake дебитираа во 2017 година, а нивната единствена цел беше да се натпреваруваат со првата генерација на AMD Ryzen десктоп процесори, кои имплементираа Zen микроархитектура. Сепак, по кратките две години постоење, Intel одлучи дека е време Kaby Lake семејството  да го пензионира и да просторот за 14nm производство да се ослободи за некои понови производи.

Во документацијата на Intel се наведени 20 различни Kaby Lake чипови (од буџетскиот двојадрен модел Celeron G3950 до премиум Core i7-7700K со четири јадра). Производителот истакна дека 24 април, 2020. година е последниот датум за нарачка, а 9. октомври следната година ќе биде последниот датум за испорака на Kaby Lake десктоп процесорот.