NatWest започна тримесечна проба на биометриски кредитни картички со отпечатоци од прсти за 150 клиенти.
Банката претходно пилотираше биометриски дебитни картички, но сега за прв пат се издадени кредитни картички. Биометриските кредитни картички ќе понудат бесконтактно плаќање со користење на верификација на отпечатоци од прсти за трансакции до 100 фунти.
Џорџина Булкели, директор за иновации во NatWest вели: „По успешното пилотирање на нашата биометриска дебитна картичка, сакаме дополнително да ја тестираме технологијата за кредитни картички. Ова е најголем развој на технологијата во картичките во последниве години и не само што отсуството на внесување код ја зголемува безбедноста, туку и на нашите клиенти им го олеснува плаќањето за стоки или услуги“.
NatWest соработува со MasterCard и дигиталната безбедносна фирма Gemalto за воведување услуги за корисниците во Велика Британија.