Компанијата Sony го претстави новиот мобилен телефон Sony Xperia 8 кој е прилагоден на актуелните трендови.
Новиот Sony има класичен екран со дијагонала од 6 инчи и FHD+ резолуција. LCD панелот е заштитен со Gorilla Glass 6, исто како и задната страна од телефонот, а рамката е алуминиумска.
Спецификации:
Задната камера е со ултраширок објектив со 12 MPx f/1.8 + 8 MPx f/2.4. Селфи камерата има резолуција од 8 MPx f/2.0.
Потоа, Snapdragon 630 чип со 4 GB RAM и 64 GB меморија, со можност за втора сим картичка и слот за мемориска картичка.
Батеријата е со капацитет од 2.760 mAh.
Оперативниот систем е Android 9.0 Pie, има NFC, Bluetooth, Wi-Fi, USB Type-C и Sony Android UI.
Моделот во Јапонија чини 505 долари, а цената во Европа ќе биде малку пониска.