Енди Рубин на Твитер објави фотографии и видеозапис од телефонот на кој работи Essential – станува збор за прилично необичен уред.

Енди Рубин е познат како основачот на Андроид, мобилниот оперативен систем кој денес го користат најголемиот дел од телефоните ширум светот и сексуален злоставувач на кого Google му исплати 90 милиони долари само за да си замине од компанијата.

Откако си замина од Google, Рубин остана верен на Андроид и ја основаше компанијата Essential која претстави паметен телефон кој не привлече доволно внимание. Сепак, слабата побарувачка на првиот телефон не го откажа Рубин од развојот на паметните телефони.

https://twitter.com/arubin/status/1181688574975983616?s=21

Овојпат, компанијата на Рубин развива помал уред кој примарно се управува со гласовни команди. Рубин на Твитер ги објави првите фотографии од уредот кој се разликува по големината и дизајнот од „нормалните“ паметни телефони.

Новиот телефон на Рубин е прилично долг и тесен, а има и боја која се менува во зависност од аголот од кој го гледаме уредот. Од Essential го потврдија исто така и развојот на телефонот Gem кој моментално е во рана фаза на тестирање и повеќе детали ќе бидат познати наскоро.

Според гласините, Gem ќе има Qualcomm Snapdragon 730 процесор, ќе работи на Андроид оперативниот систем и ќе има поддршка за гласовниот асистент на Google. Повеќе информации за овој телефон очекуваме наскоро.