Oppo Reno Ace е смартфон што се полни за половина час

Oppo го претстави најновиот член на своето семејство флегшип смартфони, Reno.

Се работи за паметниот телефон Reno Ace, кој е многу сличен на одличниот смартфон OnePlus 7T. Работи на процесор Snapdragon 855 Plus, има екран со големина 6,5 инчи и формат 20:9, стапка на освежување од 90Hz и резолуција од 1080p со мал засек во форма на заб. Одзади е сместена камера на Sony со резолуција од 48 мегапиксели.

Reno Ace има вкупно четири камери, од кои четвртата е монохроматски сензор. Исто така, смартфонот доаѓа со 12 GB RAM меморија.

Сепак, она што го издвојува Reno Ace е времето потребно да се наполни батеријата од 4.000mAh, која може целосно да се наполни за само 30 минути, благодарение на 65W SuperVOOC технологијата. Ако мобилниот телефон се полни само пет минути, батеријата ќе трае два часа.

Reno Ace првобитно ќе биде достапен во Кина, а цената сè уште не е објавена.