Google подготвува Pixel телефон со 5G

Nikkei Asian Review ги цитира инсајдерите кои велат дека Google започнал со тестирање на производство на Pixel телефон со 5G технологија. Ова ќе биде посебен уред во однос на Pixel 4 моделите, кои имаат само 4G конекција и чие претставување е закажано за 15. октомври.

Pixel 5G најверојатно нема да биде објавен следната недела, а можеби дури ни во текот на оваа година. Извори посочуваат дека Google би можел да почека до пролет следната година за да го претстави Pixel 5G, заедно со Pixel 4a моделот. Тест-производството на Pixel 5G се одвива во Кина.

Pixel телефоните не претставуваат значаен играч на пазарот и држат 0,5 проценти од пазарот. Сепак, Google планира оваа година да ја дуплира испораката на Pixel телефони во однос на 2018 година, вкупно на 10 милиони примероци.