Неколку корисници на iPhone 11, iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max на страницата Apple Communities ги објавија своите негативни искуства со гребнатини што се појавуваат на LCD и OLED екраните на нивните уреди.

Едно искуство опишува дека маж и жена купиле по еден iPhone 11, а по два дена држење на уредите во џеб, забележале гребнатини на двата модела (вклучително и гребнатина преку FaceTime камерата).

Некои од гребнатините, на фотографиите приложени од корисниците, изгледаат како отпечатоци од прсти, но не можат да бидат избришани од екранот. Корисниците истакнуваат дека и покрај тоа што телефоните не паднале на тврда површина, уредите дури и не дошле во контакт со ништо во џебовите што може да го оштети дисплејот (вклучувајќи клучеви, монети или други остри предмети).

LCD панелите за iPhone 11 линијата ја обезбедува долгогодишниот снабдувач на Apple – јапонската компанија Japan Display. За време на претставувањето на новата линија телефони, Apple истакна дека стаклото кое го користи на уредите е најсилно од ona што може да се најде кај смартфоните во 2019 година.

Очекувано, корисниците известуваат дека кога отишле да го рекламираат изгребаниот дисплеј во продавниците на Apple, претставници на компанијата ги обвиниле дека сами си ги оштетиле своите екрани, и севкупно гледано не наишле на разбирање, ниту им би била уважена рекламацијата.