Во Виена прва улица со регулација на температурата на воздухот

Првиот уличен проект со можност за регулирање на температурата на воздухот ќе биде завршен до крајот на годината во Виена.

Градот Виена го препозна проблемот со создавање на урбанистички топлински острови и започна пилот-проект на улицата Zieglergasse, која се наоѓа во една од најтоплите области во Виена, Neubau.

Уличната реконструкција, озеленувањето на површините, инсталацијата на системи за ладење и навлажнување на воздухот и поставување фонтани за вода за пиење ќе го зголемат квалитетот на животот на жителите од таа улица.

“Минатото лето беше едно од најжешките во историјата. Ефектите од климатските промени се повеќе ги чувствуваат жителите на оваа област, како и сите други жители на Виена. Овој проект има за цел да издржи екстремна топлина. Првата виенска улица со контрола на температурата е пример за најдобри практики за создавање природна сенка, што ќе ги направи топлите денови поподносливи “, рече началникот на округот Neubau, Маркус Раитер.

Ова е проект на виенската агенција Smart City, која од 2013. година ја предводи Доминик Вајс, еден од говорниците на годинашниот самит за иновации во Сараево. Вајс ќе ги претстави најдобрите практики во Виена и ќе сподели знаење и искуства за дигитализација и урбан развој во градовите.

Стратегијата за паметен град беше донесена во Виена во 2012 година и е на листата со обврзувачки одредби. Нејзината цел е да троши што е можно помалку ресурси, но со тоа да не се намали квалитетот на животот. И токму ваквите паметни решенија им обезбедија на граѓаните на Виена најдобар квалитет на животот.