Windows 10 preview овозможува Android повици на PC

Windows 10 Your Phone поддршката за повикување за повици пристигна и веќе е достапна за корисниците. Microsoft го објави Windows 10 Insider Preview за Fast ring тестери, кој додава можност за поврзување од компјутер.

На корисникот ќе му биде потребен барем Android 7.0 Nougat или понов оперативен систем, Your Phone Android апликацијата, како и PC со Bluetooth поддршка.

Повикот е можно да се воспостави преку контактките или со помош на in-app повикувач. Доколку не сакате/или не можете да го прифатите дојдовниот повик, на него можете да одговорите со помош на текст или гласовна порака.

Можни се почетни гличеви и багови, со оглед на тоа дека се работи за pre-release софтвер. Исто така, Microsoft предупредува дека некои постари верзии на софтверот против мамење во игрите можат да предизвикаат рушење на системот во овој Windows Build, така што не им се препорачува на оние кои апсолутно зависат од доверлив PC.