Instagram ја унапреди својата iPhone апликација, така што на смартфоните на Apple со оперативниот систем iOS 13 сега е достапен темен режим на работа, кој корисниците долго го чекаа.
Прегледот на новости и отворањето Story се значително полесни за очите во темниот режим, посебно доколку не сте љубител на палетата бои на Instagram и светлите бели рабови. Покрај тоа, потврдено е и дека Dark mode троши помалку батерија.
За жал, колку и да изгледа убаво темниот Instagram, популарната социјална мрежа не ви дозволува да ја вклучите или исклучите темната тема во рамките на самата апликација, како што тоа можете со Twitter на смартфоните со iOS 13.
Тоа значи дека во системските поставки на iPhone морате да трагате за потемен Instagram, што и не е толку чудно, бидејќи поголем дел од креатори на iOS, прв пат ги воведуваат темните режими на работа. Apple со воведување на iOS 13 оперативниот систем им овозможи на корисниците Dark mode за iPhone.
Според мислењето на многу технолошки критичари, искуството на користење на Instagram со темна позадина е многу подобрено. Сепак, секогаш ќе има и такви кои се противат на промените на изворниот изглед на мрежата.
За оние кои сакаат да ги пробаат новите промени, ажурирањето на Instagram е достапно на App Store.
Поврзани артикли