Android корисниците конечно добиваат далечинско играње за PS4

Подгответе се оваа недела да издвоите и малку време за ажурирање на софтверот на PlayStation 4 конзолата. Се работи за софтверот со верзија v7.0, која пред се е фокусирана на далечинско играње и Party компонентата.

Party опцијата добива големо подобрување по прашањето на максималниот број на корисници, па така сега наместо осум, дури 16 играчи ќе имаат можност заеднички да играат и тоа со подобрена врска, која исто така пристигнува со новото ажурирање.

Стримањето на игри од PlayStation 4 (Remote Play) на екранот на iPhone е веќе достапно од порано, а сега истото ќе им биде овозможено и на играчите со Android уредите, кои ја користат верзијата на OS 5.0 и понова. Фино е да се види дека Sony и натаму го одржува PlayStation 4, иако веќе на големо се подготвува за доаѓањето на следната генерација. Ова дефинитивно служи за подготовка за теренот за уште подобра функционалност.