Galaxy Note10 и Note10+ се неколку месеци на пазарот, а сите очи веќе се вперени во наредната линија на премиум телефони на Samsung – Galaxy S11. Сега сајтот SamMobile дојде до информации кои сугерираат кога S11 линијата би можела да биде претставена.
Според првобитните информации, Samsung моментно го планира Unpacked настанот за Galaxy S11 серијата за 18. февруари. Ова ќе и овозможи на компанијата околу пет дена промоција на уредот пред почетокот на Мобилниот конгрес MWC 2020. Во прашање е слична тактика која Samsung ја користеше и оваа година со Galaxy S10 линијата.
Samsung наводно развива дури четири Galaxy S11 модели во овој момент, а се очекува дека ќе ги покренува Qualcomm Snapdragon 865 чипсет во САД и Кина, како и Exynos 9830 čip на останатите територии. Покрај ова, се очекува и 8 GB RAM и 128 GB простор за складирање, додека најмоќните модели би можеле да имаат 12 GB RAM и 256 GB интерна меморија.
Екстерните измени ќе вклучуваат намалени рамки околу екранот и помал punch-hole на Infinity-O дисплејот. Се очекува и модификувана камера на задната страна, со трет сензор на Galaxy S11e моделот и четврта камера на Galaxy S11 и Galaxy S11+. Гласините сугерираа 108 мегапикселна главна камера.