Лажните Lightning кабли за iPhone, iPad и iPod уредите, со помош на кои е можно да се хакираат поврзаните телефони, таблет уреди или плеери влегоа во сериско производство и наскоро ќе бидат достапни на пазарот преку интернет продажба.

Кон крајот на септмеври, изворите од индустријата открија дека со помош на одреден тип на кабел, кој служи за сите уреди со Lightning врска, може да се изврши напад на поврзаните уреди. Со нападот е можно да се преземе контролата над уредот и тоа без присуство на напаѓачите.

Кабелот е наречен “O.MG cable“ и изгледа целосно исто како легитимен кабел на iPhone, iPad или iPod, но има изменет и додаден хардвер, кој служи за хакирање на поврзаниот уред. Вградена е и ситна безжична конекција, која е и одговорна на далечински пристап на уредот.

Првиот O.MG кабел настана во кујната на својот творец, Мајк Гровер, кој го продаден за 200 долари на една неодамна одржана конференција за сајбер безбедност. Неговиот кабел така стана широко достапен и компаниите веќе се тркаат да го произведат за целите на истражување и зголемувањето на безбедноста на iOS уредите.

Секако, јасно ви е дека овие кабли, исто така, можат да ги искористат малициозни луѓе, кои сакаат да им наштетат на сопствениците на iOS уреди – со кражба на податоци, различни опции на хакирање и прислушкување на корисниците.