Ако исполнувате одредени услови, тогаш и вие веднаш имате прилика да го користите темниот приказ на Instagram.
Доколку користите Beta верзија на Instagram апликацијата, го имате Android 10 на својот уред и го користите системскиот Dark Mode, тогаш веројатно пред себе го гледате поцрнетиот Instagram! Се е црно, целосно спротивно од „светлечкиот” бел Instagram интерфејс и на прв поглед истовремено делува чудно и моќно.
Бидејќи ние веќе го добивме ажурирањето и ги исполнуваме сите горенаведени услови, имаме прилика да ви покажеме како изгледа црниот Instagram. Првата средба е големо изненадување, но окото брзо се навикува. Со оглед на тоа дека, освен боите, ништо друго не е променето, сето останува помалку или повеќе исто. Вистина е дека полесно е да се забележат Story приказните, бидејќи се зарабени со круг во боите на виножитото, кои веднаш упаѓаат во очи и поедноставно се забележуваат од црната боја на бела позадина.
Освен тоа, се и натаму е на свое место, а белите букви на темна позадина изгледаат многу почитливо, окото помалку се заморува и сега акцентот на содржините е уште поголем. Исто така, ноќно време Instagram е многу помалку нападен и се чита без проблеми и пред спиење.
За жал, опцијата Dark Mode не можете се уште да ја активирате по регуларен пат, бидејќи не е достапна во подесувањата. Но, доколку го активирате Dark Mode низ целиот систем и сте ги исполниле и другите услови – Instagram ќе можете да го видите во темен режим. Подесете го Dark Mode низ системот на овој начин: Settings >Display >Advanced >Device Theme.
Поврзани артикли