Lenovo ThinkPad X1 е лаптоп каков што сите посакуваме

Телефоните со преклопни екрани се веќе меѓу нас. Најголемите играчи на пазарот се натпреваруваат во тоа кој ќе ги испише страниците на историјата со уреди со флексибилни екранио и прв ќе дојде нов тип на купувачи без оглед на тоа што овие уреди чинат од 1500 до 3000 долари. Меѓутоа, беше прашање на време кога свитливите екрани ќе пристигнат и кај компјутерите. Овој пат, кинеската компанија Lenovo излезе во јавност во својот прототип на ThinkPad X1, кој е најавен дека ќе излезе на пазарот во првата половина на 2020. година, по се уште непозната цена.

Спецификациите на уредот се уште не се познати, меѓутоа според промотивните фотографии во прашање е мал, лесен уред со целосна верзија на Windows 10. Работи на Intel платформата и се наведува дека ќе има доволно моќна батерија да издржи цел ден на работа со константна поврзаност, што значи дека ќе има поддршка за картичка за мобилните телефони.

Целта на овој модел е да ги направи лаптопите уште попреносни. Во таблет мод, уредот има 13,3 инчен екран, баш како регуларен лаптоп. Јужнокорејскиот LG е заслужен за флексибилниот екран, OLED панел со 2K резолуција и 4:3 однос на страници. Овој лаптоп ќе се продава со безжична тастатура и поддршка за пенкалце.